Поврзете се со нас

Англија

Бездомникот Гаскоњ се исповеда: Јас сум само тажна пијаница

Објавено

на

Foto:instagram.com/paul_gascoigne8

Пол Гаскоњ беше најдобар англиски фудбалер во својата генерација и беше идол на многу фудбалски фанови, но колку беше добар на теренот, легендарниот напаѓач беше исто толку лош надвор од него.

Гаскоњ си го уништи животот и се доведе во ситуација да нема свој дом, а причина за тоа е страшната завист кон алкохол и други пороци, кои го доведоа во ситуација да живее во соба која му ја отстапил неговиот агент, Кејти Дејвис.

Пол во последното интервју открива дека редовно посетува анонимни состаноци на алкохоличари и се обидува да ја сподели својата тажна приказна, а истовремено вели дека тешката битка се уште трае и во 56-та година од неговиот живот.

– Порано бев среќна пијаница. Кога пиев, бев среќен. Сега сум тажна пијаница. Сега не одам надвор за да пијам, кога сакам да се напијам една, останувам дома. Ако сакам да имам лош ден, потребно е само да отидам во пабот. Кога сакам да имам убав ден, ја земам трската и одам на ловење риба.

– Има нешто полошо од пиењето, а тоа е наредниот ден. Кога се будам, гледам дека имам 30 пропуштени повици, тогаш знам дека сум во неволја. Мора да кажам дека сум подобар, минатата година беше брилијантна за мене во тоа поле. Одам на состаноци со мој пријател и тоа навистина добро ми доаѓа, – открива Гаскоњ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни