Поврзете се со нас

Лига на нации

Без тројца важни играчи ќе ја одиграме завршницата на Лигата на нации

Објавено

на

Македонија ја победи Грузија и обезбеди билет за Европското првенство, но нашиот национален тим го очекуваат уште два предизвици во овој ноемвриски репрезентативен „прозорец“.

Имено треба да се одигра завршницата на Лигата на нации, поточно дуелите со Естонија во Скопје и Ерменија во Кипар, мечеви на кои селекторот Игор Ангеловски нема да смета на неколку играчи.

Капитенот Горан Пандев доби поштеда и ќе се врати во Џенова, Аријан Адеми е повредан, додека пак голманот Столе Димитривески е исто така ослободен од обврските со оглед на тоа што против Естонија и така не може да брани поради црвениот картон кој го заработи минатиот месец со Грузија.

Џани Алиоски поради суспензија ќе биде недостапен против Естонците, ама останува во националниот тим и ќе биде во комбинација за Ерменија. Исто така и Висар Муслиу има одредени повреда, меѓутоа се очекува истата да биде надмината, поточно да биде подготвен за тоа што следи.

Од претходно пак недостапни беа голманот Божиновски, стоперот Ристевски, напаѓачот Велкоски како и Барди, па останува да видиме дали Ангеловски дополнително ќе повика нови играчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни