Без Николовски на мегдан со Швајцарија: Нема потценување, мораме да одиграме максимално посветено

davitkov-malinkov-gecevski

Македонија успешно ги стартуваше претквалификациите за Европското првенство во 2021 година, но победата над Словачка мора да се потврди денеска на домашен терен против аутсајдерот Швајцарија.

Меѓутоа во нашиот табор немаат намера да го потценат ривалот и желбата е со максимална посветеност, ангажиранот низ сите 40 минути да дојдат до посакуваната цел на вечерашниот меч кој се игра во СЦ „Јане Сандански“. За истиот селекторот Јорданчо Давитков ќе има има на располагање играчите од дуелот со Словачка со исклучок на центарот Кирил Николовски кој се пожалил на повреда.

– По добрата игра и победата во Словачка очекувам да продолжиме во ист ритам. Го сакам истиот пристап, играта во одбрана, па потоа ќе видиме. Швајцарија е непозната, бидејќи во последните три години репрезентацијата нема настапувано. Станува збор за млада екипа која има неколку играчи од овие наши простори кои сигурно знаат како треба да играат и дојдени се тука за да играат без некој посебен притисок. Јасно им посочив на играчите, мораме да изиграме максимално 40 минути, без потценување на ривалот. Ќе настапиме во истиот состав како против Словачка со исклучок на Кире Николовски кој на синоќешниот тренинг се пожали на болка во задната ложа, па нема да ризикуваме да ја влоши состојбата, -истакна Давитков.

Влезот за средбата (20:45) во „Јане Сандански“ е бесплатен, а оние пак кои нема да можат да бидат директно присутни ќе можат да го проследат преку телевизиските екрани и МРТ.

Facebook Коментари