Поврзете се со нас

НБА

Беверли дојде во Милвоки и веднаш почна да им држи лекции на соиграчите: Ќе вознемирам некои луѓе…(ВИДЕО)

Објавено

на

Ветеранот Партик Беверли од Филаделфија Севентисиксерс заврши во Милвоки Бакс, тим за кој дебитираше рано утрово во пресметката со Шарлот Хорнетс која заврши со триумф на фаворитот со 120:84.

Беверли во својот прв меч уфрли 6 поени, додели 4 асистенции со 1 скока за 12 минути на паркетот, но воедно имаше и една ситуација во која го покажа своето лидерство и покрај тоа што што пристигна во новата средина.

За време на еден тајм-аут тој дури ја имаше и таблата од тренерот Док Риверс и тоа за да му објасни некоја работа на Брук Лопез.

-Начинот на кој одам околу работите, нема да ги направам сите среќни. Ќе вознемирам некои луѓе. Се држам за висок стандард и очекувам сите други да го сторат истото. Мојот пристап е многу силен додека не ме запознаете. Но, штом ќе ме запознаете, разбирате, единственото нешто што тој го прави е што сака да победи, -порача Беверли по натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни