Поврзете се со нас

Лига Европа

Бетис го освои „Олимпико“, Алиоски го доби дуелот со Тричковски во ЛЕ

Објавено

на

https://twitter.com/OfficialASRoma

Голот на Пауло Дибала донесе предност за Рома на дербито со Бетис од групната фаза на Лига на европа, но шпанскиот состав направи пресврт во продолжението од мечот (1:2).

Бетис израмни преку Родригез, а Луис Енрике во финишот ја потврди победата на составот од Севилја, кој има перфектен учинок по три кола во ова натпреварување.

Арсенал со головите на Нкетија и Холдинг го победи Бодо со 2:0, а со ист резултат заврши и пресметката меѓу Фенербахче и АЕК Ларнака.

Алиоски беше стартер во турскиот тим, додека Тричковски влезе во финишот кај гостите, а Батшуаи и автоголот на Мамас беа доволни за конечни 2:0 во корист на турскиот состав.

Гостински победи забележаа и Карабах и Ројал Унион, додека Рен го победи Динамо Киев со гол во 89. минута за конечни 2:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни