Бесрамниот Вентура со најновата изјава ја шокираше цела Италија

ventura-svedska

Италијанската фудбалска репрезентација го доживеа најголемиот дебакл во последните 60 години бидејќи за првпат после 1958 година остана без пласман на едно Светско првенство, епилог кој секако предизвика многу реакции на Апенините од каде сепак еден човек се посочува како главен и одговорен виновник.

Тоа секако е селекторот Џампјеро Вентура кој атрактивниот и симпатичен тим на Антонио Конте го претвори во селекција која нема идеја и никаква замисла на теренот, а пропастот кулминираше со елиминацијата од Шведска во баражот за мундијалот на кој Италијанците не успеаја да постигнат ниту еден гол во 180 минути.

Поради катастрофалниот резултат, очекувањата беа дека Вентура веднаш ќе си поднесе оставка по натпреварот кој се одигра во Милано, но наместо тоа, искусниот стручњак со секоја своја изјава дополнително ги разгорува страстите кај фановите, а и кај домашната јавност.

Последното интервју кое го даде Вентура го доби епитетот бесрамно од страна на шокираната италијанска јавност, бидејќи се уште актуелниот селектор на „аѕурите“ смета дека треба да остане на кормилото бидејќи загубил само два натпревари во две години!

– Не можам да зборувам се уште ништо подетално. Во блиска иднина ќе го имате сето мое време за да разговараме за мојата одлука. Јас им се извинувам на сите Италијани, но само за резултатот. Ќе биде ужасно да се гледа Светско првенство без Италија, но тоа веќе е завршена тема и не можам ништо да променам. Сепак, ќе напоменам дека јас ги имам едни од најдобрите резултати остварено во селекцијата во последните 40 години. Загубив само два натпревари во две години, – потенцира Вентура.

Facebook Коментари