Поврзете се со нас

Балкан

Бесните навивачи на Партизан ја искршиле соблекувалната, тренерот Станојевиќ се појавил со фластери на пресот (Видео)

Објавено

на

Партизан доживеа болен пораз од Црвена Звезда во вечното дерби во српскиот фудбал, а најтешкиот пораз во последните две ипол децении за жал одново го покажа најлошото лице на фудбалот на овие простори.

Во дадената ситуација, „третото полувреме“ се одвивало во подтрибинскиот простор и во соблекувалните, каде и покрај големото обезбедување, успеале да пробијат најлутите навивачи на Партизан.

„Гробарите“ успеале да дојдат до соблекувалните и да испокршат се што им се нашло на патот, а дел од стаклата завршиле во лицето на тренерот Александар Станојевиќ.

Поради тоа, предводникот на Партизан се појавил со фластери на лицето од заработените расекотини на официјалниот прес, по што дал и свое видување на немилиот инцидент.

– Незадоволните навивачи го искршија стаклото во соблекувалната и неколку делови ме погодија во лице. Тоа беше тоа, немаше ништо повеќе од тоа, немаше никаква друга мешаница, – изјавил Станојевиќ, кој дал свое видување и за невкусните прозивки кои ги доби од трибините.

– „Станоје оди си“ е нормална порака и ја почитувам пораката од навивачите, но од друга страна „го продаде клубот Станоје“ е една одвратна порака и не може да се поврзува со мене. Што се однесува до „Станоје оди си“, тоа е најмал проблем. Немав проблем да си одам претходно, јас не бегам од одговорност, но да се вели дека сум се продал……, – изјавил разочараниот Станојевиќ.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни