Бесните фанови на Јунајтед го пронајдоа виновникот за кризата и фрлаа димни бомби во неговиот дом (Видео)

fanovi-junajted

Најрадикалните навивачи на Манчестер Јунајтед и дефинитивно го загубија трпението со управата на клубот, или поточно нивна посебна мета стана главниот оперативец Ед Вудвард кој според многумима е главниот виновник за тешката криза во која западнаа „ѓаволите“ по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.

Променливите резултати и очајната форма прикажана од тимот на одредени натпревари ги натера фановите на Јунајтед да го испразнат „Олд Трафорд“ како ретко кога на мечот со Барнли, а иако тимот во меѓувреме се рехабилитираше со висока победа во Купот, најжестоките навивачи на клубот го изразија своето незадоволство, такашто го таргетираа домот на Вудвард.

Како што пренесуваат медиумите од Англија, 30-тина навивачи на Јунајтед фрлале пиротехнички средства и димни бомби во домот на Ед Вудвард, а притоа му ја избоиле и предната порта од куќата која се проценува дека чини 2 милиони фунти.

fanovi-besni

Facebook Коментари