Поврзете се со нас

Европски првенства

Бесниот Сплаети имал свое шоу во 2 часот по полноќ: Со еден потег покажал дека е голем фудбалски џентлмен

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Лучано Спалети беше доста нервозен во соочувањето со италијанските новинари по мечот со Хрватска, бидејќи драматично заработеното реми сепак донесе критики за поставеноста на тимот и тактиката која ја искористи.

Еден новинар директно го запраша Спалети дали имал договорен „пакт“ со играчите за да ја промени стандардната формација, а ова до толку го налути Лучано, што искусниот стручњак без влакна на јазикот почна да дава разноразни одговори за лошиот третман кој го добива од новинарите.

Спалети збесна по прашањето на новинарот Дарио Ричи од италијанското радио „24“, но откако се преиспитал што направил на прес-конференцијата, Лучано покажал и доволно голема доблест за да се извини.

Тоа го открива самиот Дарио Ричи за домашната јавност, на која и сподели дека во 2 часот по полноќ добил телефонски повик од непознат број, а на линија всушност бил италијанскиот селектор.

– Во 2 наутро добив телефонски повик од број кој не го познавав. Мислев дека е грешка, или некоја местенка. Кога ја кренав слушалката, од спротивната страна слушнав: Здравоо Дарио, овде е Лучано……

– Не познавам никој кој се вика Лучано….. Ми требаше некое време за да сфатам дека на телефон е Спалети и дека бројот го добил од прес службата. Неколку пати ми се извини за тонот кој го употреби на пресот. На крајот ги расчистивме сите нејаснотии околу моето прашање, – открива Ричи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни