Лига на шампиони
Бесниот Симеоне почна да ги испрашува новинарите на пресот: Нека крене рака оној што виде двоен контакт (Видео)

Диего Симеоне тешко се помири со условите во кои неговиот Атлетико Мадрид доживеа елиминација од Реал Мадрид, па по последниот судиски свиреж, не му се допаѓаше ниту траорната атмосфера која се актуелизираше на „Метрополитано“.
Аргентинскиот стручњак трчаше по теренот и се обидуваше да го крене моралот кај играчите и навивачите на Атлетико, барајќи од присутните на трибините да покажат респект за сето она што го прикажаат неговите избраници во 210 минути фудбал против Реал Мадрид.
Атлетико на крајот испадна во пенал рулетот и мораше да се справи со нов европски пораз од Реал, а главна тема на разговор по натпревар е поништениот пенал на Хулијан Алварез.
Симеоне уште при првото интервју во микс-зоната посочи дека не е сигурен во точноста на одлуката на ВАР, но главното шоу го имал на прес-конференцијата, каде почнал да ги испрашува новинарите.
Откако влегол во конфликт со еден новинар кој тврдел дека видел двоен контакт со топката од аргентинскиот напаѓач, Чоло реши да ги замени улогите на пресот, па поставил директно прашање до сите присутни.
– Нека крене рака оној што виде двоен контакт од Алварез, ајде кревајте раце…… Нема никој…… Следно прашање, – порачал Симеоне.
🔥🇦🇷 Simeone, en estado puro, en la rueda de prensa posterior al partido.
🗣 "¿Alguien de aquí vio que la tocó dos veces Julián? Que levante la mano".#Atleti #UCL pic.twitter.com/wcCIeiRDh8
— Atlético de Madrid (@Atletico_MD) March 12, 2025
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично
-
Италија21 час
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)