Поврзете се со нас

Англија

Бесниот Рашфорд не му остана должен на капитенот на Јунајтед и со вулгарен речник му се спротивстави на теренот (Видео)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед испрати само еден директен шут кон голот на Кристал Палас и тоа доволно добро ни покажува дека тимот на Оле Гунар Солскјер никако не заслужи да ги освои трите бода против Кристал Палас, натпревар кој на крајот сосема оправдано заврши со разочарувачки 0:0.

Менаџерот на Јунајтед беше видно разочаран од остварениот резутлат и не ја криеше фрустрацијата во првото интервју кое го одработи за медиумите, а во пресрет на големото градско дерби против Сити кое следи наредниот викенд, сигурно ќе се обиде да ги „испегла“ работите меѓу Маркус Рашфорд и Хари Мегваер.

Капитенот на Јунајтед беше незадоволен од позиционирањето на младиот напаѓач и во неколку наврати со вулгарен речник му повтори да избегнува офсајд, по што Маркус избувна во 69-та минута и дрско му возврати.

– Што е..но сакаш од мене. Затни ја е..ната уста, глупаку еден, – бесно му возврати Рашфорд кој како и сите остнати офанзивни играчи на Јунајтед, немаше своја вечер на „Селхрст парк“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни