Поврзете се со нас

Италија

Бесниот Мацари „урлаше“ на клупата, па го бојкотираше завршниот чин на финалето (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SerieA

Валтер Мацари се врати во Наполи со цел да му помогне на тимот во тешките моменти, но искусниот стручњак ја пропушти првата шанса да освои трофеј во Суперкупот.

Неговиот тим беше порзен од Интер во Ријад со гол примен во 91-та минута, меѓутоа Мацари најголемите фрустрации ги искажа 30 минути претходно, односно во моментот кога Џио Симеоне заработи црвен картон.

Мацари сметаше дека судијата Рапуано реагира престрого и дека го уништува големото финале, па облеан со бес на цел глас урлаше на клупата:

– Срамота, засрами се! Вака уништуваш натпревар, – бесно викаше Мацари, кој потоа се одлучи за идентичен рецепт како оној пред 12 години кога исто така загуби во финалето на Суперкупот.

Мацари го бојкотираше завршниот чин на финалето и веднаш се упати кон соблекувалната по голот на Лаутаро, а потоа не се врати за да биде дел од церемонијата при доделувањето на наградите. Покрај ова, италијанските новинари откриваат дека Валтер го продолжил бојкотот такашто не дал ниту една изјава за медиумите.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни