Поврзете се со нас

НБА

Бесниот Леброн избрка навивачи од салата, па креираше НБА бравура за победа на Лејкерс (Видео)

Објавено

на

Леброн Џејмс ја отслужи суспензијата која ја заработи поради инцидентот со Стјуарт и се врати во голем стил на гостувањето кај Индијана, на кое оствари најдобар учинок од стартот на сезоната и го водеше својот Лејкерс до голема победа.

„Езерџиите“ го добија трилерот во кој се играа и дополнителни пет минути игра поради нерешениот исход во регуларниот дел, а во овој период, во прв план се најде најголемата ѕвезда на гостинскиот тим.

„Кралот Џејмс“ се налути на средина од продолжението поради константни провокации од двајца фанови на Индијана и направи истите да бидат исфрлени од салата, а потоа креираше НБА бравура и со неверојатна тројка ја замолкна публиката и ја најави победа на Лејкерс.

Гостите победија со конечни 116:124 благодарение на доминацијата на расположениот Џејмс, кој натпреварот го заврши со 39 поени, 5 скока и 6 асистенции.

Расел Вестбрук го следеше со 20 поени, додека кај Индијана најефикасен беше Брогдон со 28 поени.

НБА резултати:

Мемфис – Торонто 113:126
Милвоки – Детроит 114:93
Минесота – Мајами 113:101
Њу Орлеанс – Вашингтон 127:102
Кливленд – Феникс 115:120
Индијана – ЛА Лејкерс 116:124
Орландо – Шарлот 99-106
Оклахома – Јута 104:110
Сан Антонио – Атланта 106:124
Бостон – Бруклин 104:123
Голден Стејт – Филаделфија 116:96
Сакраменто – Портланд 125:121
Хјустон – Чикаго 118:113

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни