Поврзете се со нас

Шпанија

Бесниот Лапорта фрлал послужавници во вип ложата, Чави даде изјава за испадот на претседателот

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона продолжува да режира непријатни изненадувања за своите навивачи во сезоанта која ја брани титулата во Ла Лига, успех кој сигурно нема да го повтори со игра како онаа вчера против Гранада.

Барса практично е исклучена од битката за трофејот во Ла Лига и Реал Мадрид веќе има преуверлива предност како првопласиран на табелата, а со тоа полека се помируваат и водечките луѓе на клубот од Каталонија.

Тоа особено е така по разочарувачкото реми со Гранада на домашен терен (3:3), резултат по кој убедливо најнервозен бил Жоан Лапорта. „Каталуња радио“ и каталонски „Спорт“ известуваат дека Лапорта беснеел на заминување од вип ложата и фрлал послужавници на кои била поставена закуска за челниците на двата клуба, потези кои дефинитивно ја отсликуваат целосната фрустрација која ја чувствувал првиот човек на клубот во тој момент.

Гранада е претпоследна на табелата и по вторпат оваа сезона не загуби од Барселона, а немоќта која ја прикажува тимот кој го води Чави продолжува и во ситуација кога тренерот најави заминување.

По испадот на претседателот, Чави одговарал на прашања на таа тема на прес-конференцијата, пришто признал дека нервозниот Лапорта се симнал и во соблекувалната за да зборува со него.

– Се видов со Лапорта и ми порача дека натпреварите ни стануваат се подолги….. Ова е огромно разочарување за сите. Игравме на домашен терен против Гранада и моравме да победиме на било каков начин за да останеме во трката. Сите сме лути и незадоволни, нема разлика во моето расположение и расположението на Лапорта, – изјавил Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни