Поврзете се со нас

Италија

Бесниот Конте објави „војна“: Ќе поднесам тужба, јас се обврзав на договор со Интер!

Објавено

на

Антонио Конте предизвика виситнска бура во италијанската спортска јавност со својата изјава по крајот на дербито со Аталанта, по кое Интер го обезбеди второто место на табелата во Серија А.

Сепак, наместо да се зборува за победата на Интер, Конте се погрижи да чуеме безброј шпекулации во изминативе два дена, откако самиот нагласи дека не исклучува никакакво сценарио во Милано, откако не добил заштита од одговорните лица во клубот за време на критичните моменти во сезоната.

Конте смета дека бил оставен на цедило заедно со играчите и не добил заштита од клубот, па јавно побара средба со претседателот на Интер пред да донесе конечна одлука за својата иднина во „сино-црното“ семејство.

Ваквата негова изјава беше повод за безброј шпекулации за негово заминување, а денеска „Ла Република“ отиде чекор понапред од сите, порачувајќи во својата вест дека Конте веќе контактирал со луѓето од Јувентус и чека само лош резултат на Сари во Лигата на шампионите за да го преземе Јувентус.

Оваа вест одекна како „бомба“ во Италија, но потребни беа само неколку часа Конте да му објави „војна“ на весникот.

– Во врска со публикацијата на „Ла Република“ денеска, сакам категорично да демантирам деак сум разговарал со директорите на Јувентус и играчите на овој тим. Ниту сум прашувал дали Сари ќе добие отказ. Ќе го тужам оној кој го напишал ова и ќе го тужам главниот уредник на овој весник. Јас се обврзав на договор со Интер и како што правам секогаш, докрај ќе ја искористам мојата сила да бидам успешен во проектот, – изјави Конте за новинската агенција „АНСА“.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни