Поврзете се со нас

Англија

Бесниот Клоп им одржа лекција на резервите на Ливерпул кои го славеа црвениот картон на Кристенсен (Видео)

Објавено

на

Главниот судија Пол Тирни беше повикан од одговорните лица во ВАР собата да ја прегледа спорната ситуација пред крајот на првиот дел, по што англискиот арбитар одлучи да ја промени своајта одлука која првично ја донесе.

Стоперот Кристенсен најпрво мина со жолт картон за стартот на Садио Мане, но повторените снимки му доловија на Тирни дека Мане бил најблиску до топката и бил во стопроцентна шанса за гол. Поради тоа, жолтиот картон беше поништен, а на Кристенсен му беше покажан патот кон соблекувалната.

Ваквата одлука секако значеше огромна предност за Ливерпул во продолжение од мечот, а решението на Тирни ги воодушеви резервите на гостинскиот тим кои силно аплаудираа по доделениот црвен картон.

Сето ова воопшто не му се допадна на Јирген Клоп кој ја протолкува таква реакција како големо непочитување, па им одржа лекција на своите резервни фудбалери која ја слушнаа сите новинари на стадионот.

– Дали сте луди? Ние никогаш не го правите тоа. Дали сум јасен? , – силно викаше нервозниот Клоп кој со својата реакција ги воодушеви фановите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни