Поврзете се со нас

Германија

Бесниот Кимих тргнал да се пресметува со „десната рака“ на Тухел по срамот во Бохум

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен ја комплетираше најужасната недела во поновата историја со пораз на гостувањето кај Бохум, неуспех кој направи местото на Томас Тухел одново да биде доведено во прашање.

Не само што не ја подобри играта на тимот, Баерн изгледа навистина полошо под водство на Тухел отколку што беше во времето на Нагелсман, но и покрај третиот пораз во низа, раководството на клубот реши да не реагира и засега да го одложи отказот.

Баерн за првпат загуби на три меча во низа по пауза од осум години, а еден од најнервозните по неуспехот и срамниот пораз од Бохум бил Џошуа Кимих.

Играчот за врска беше повлечен од игра во 63-та минута и не ја криеше фрустрацијата, но целосно збеснал по последниот судиски свиреж и тргнал да се пресметува со „десната рака“ на Тухел.

Еден од капитените бил бесен на помошниот Шолт Лев и тргнал физички да се пресметува со него во тунелот, а иако Нојер делувал како миротворец и спречил огромен инцидент, истиот бил виден од страна на присутните новинари.

Тухел призна дека дошло до недоразбирање меѓу двајцата, но реши да не открива детали и да го решава проблемот зад кулисите.

– Знам што се случи меѓу Кимих и Лев, но тоа не е нешто што ќе го споделам јавно. Поради тоа постојан соблекувални, емоциите ги искажуваме таму. За мене, тој инцидент не значи ништо, целата работа е нормална за мене. Тоа е нормален инцидент после болен пораз, – изјавил Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни