Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!

Објавено

на

blank

Џан Пјеро Гасперини не го криеше својот бес во најголем дел од мечот со Реал Мадрид, а сосема очекува, посебно лут беше во 17-та минута кога Фролјер се чини дека беше престрого исклучен од страна на главниот судија Штилер кој немаше мислост за домаќините.

Во дадената ситуација, ВАР системот воопшто не се активираше и луѓето од собата не го повикаа Штилер да ја прегледа својата одлука, а сето ова беше доволно  добар повод искусниот италијански стручњак да биде лут по минималниот пораз во првото осминафинале со „кралевите“.

Голот на Менди во самата завршница беше дополнителна казна за Аталанта, но Гасперини вели дека главната штета била направена со покажаниот црвен картон.

– Полека ја уништуваме оваа убава игра. Минатата сезона беше вистински хаос со правилото за играње со рака, но откако го решивме тоа, сега како да се обидуваме да го исфрлиме секој контакт од нашиот спорт. Тоа е самоубиство за фудбалот. Веќе бев суспендиран за нешто што го кажав во Серија А, нема да кажам ништо пожестоко зошто од УЕФА ќе добијам едномесечна суспензија. Но, ќе кажам дека ваква интерпретација на играта е самоубиство за фудбалот.

– Едноставно не смееме да имаме судии кои никогаш не играле фудбал, судии кои не ја знаат разликата меѓу старт и намерен фаул. Ако не може да ви ја каже разликата, тогаш треба да бара друга работа. УЕФА треба да доведе судии кои претходно играле фудбал во својот живот и кои прават разлика во вакви стартови, – посочи Гасперини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни