Поврзете се со нас

Италија

Бесниот Фонсека откри кој е главен пеналџија во Милан и посочи: Ова не смее да се повтори

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Пауло Фонсека отвори доста теми за разговор по поразот кој го претрпе неговиот Милан од Фиорентина, од една страна поради судиските одлуки, но и поради лошата комуникација меѓу него и фудбалерите на теренот.

Португалскиот стручњак по мечот во Фиренца нагласи дека не може да го разбере судискиот критериум за досудување најстроги казни, но бидејќи неговиот тим не реализираше два пенали, мораше да ги коментира и изведувачите.

Тео Ернандес и Тами Ејбрахам ги загубија дуелите со Давид Де Хеа и беа прочитани во намерите од искусниот шпански голман, а Фонсека е посебно лут бидејќи ни едниот, ни другиот не се први изведувачи.

Фонсека им откри на новинарите дека главен пеналџија во неговиот тим е Кристијан Пулишич, но не даде објаснување зошто фудбалерите носеле одлуки на своја рака.

– Секако дека сум лут што играчите го менуваа првиот изведувач. Кристијан Пулишич е задолжен за пеналите. Ова не смее да ни се повтори, им го кажав тоа на играчите во соблекувалната, – изјавил Фонсека на пресот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни