Поврзете се со нас

Балкан

Бешикташ сака да го добие потписот на Јаховиќ

Објавено

на

Еден од најдобрите турски клубови, Бешикташ е заинтересиран за нашиот поранешен репрезентативец Адис Јаховиќ.

Јаховиќ и во оваа сезона е при самиот врв на листата на стрелци во Турција со постигнати 17 погодоци, поточно пред него се само Сисe и Сорлот. Ова е една од причините поради која клубот од Истанбул сака да го ангажира Адис кој би бил замена за Бурак Јилмаз кој пак би требало да се пресели во Лил.

Тренерот Серген Јалчин е тој што го побарал Јаховиќ со оглед на тоа што добро ги познава неговите квалитет од времето додека беа заедно во Коњаспор и Јени Малатијаспор.

Останува да видиме како ќе се движи целата ситуација, дали ќе дојде до зделка меѓу Анталијаспор и Бешикташ. Актуелниот договор на Јаховиќ со сегашниот клуб му истекува во 2021 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни