Англија
Беше во соблекувалната: Ѕвезда на Челси ја славеше победата на Барселона во „Ел Класико“ (ФОТО)

Барселона го одбрани домашниот терен и дојде до супер значајна победа над Реал Мадрид (2-1) во Примера, победа со која дополнително ја зголеми предноста во однос на лутиот ривал во трката за пехарот.
Сега каталонците имаат 12 бода повеќе во однос на „кралевите“, односно се на добар пат да го освојат првиот лигашки трофеј од 2019 година. Радоста на домашните играчи и тренерот Чави Ернандес ја видовме на теренот, но во соблекувалната триумфот го прослави и едно познато лице кое во моментов е дел од Челси.
Се работи за Пјер-Емерик Обајаманг кој пред почетокот на оваа сезона се пресели во таборот на „сините“, потег кој не се покажа како добар за него, па постоеше можност да се врати на „Камп Ноу“ веќе во јануари со тоа што овие слики покажуваат дека приказната не е завршена и дека можеби на лето навистина ќе направи кам-бек во средината каде беше добро прифатен и имаше квалитетни партии.
Pierre Emerick Aubameyang, almost out of Chelsea project, was in Barcelona’s dressing room after Real Madrid game 🔵🔴🤝🏻 #FCB
Auba has still excellent relationship with Barça players, board and Xavi.
He wanted to return in January but it was not possible due to FIFA rules. pic.twitter.com/5KjPpbz8gH
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 20, 2023
-
Англијапред 13 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 10 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 14 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 12 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 13 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 23 часа
Кореча: Не е лесно да се победи Ѓоковиќ во три сета
-
Францијапред 24 часа
ПСЖ повторно го побарал Зидан, легендарниот ас експресно одговорил на понудата