Беше светски и европски шампион со репрезентацијата, сега стана ШАМАН (Фото)

koturovic Srbija

Поранешниот кошаркар на Југославија, Дејан Котуровиќ кој со тимот на сино-белите стана Европски шампион во 1995 додека во 2002 година стана Светски првак каде успеаа да го победат ,,Дрим Тимот” на Сад, во последен период почна да работи како индијански врач, поточно како шаман. Сега е посветен на својата кариера во шаманството. Тој, според неговите зборови бил Н’ганга што значи човек на банту јазикот и човек кој има контакт со вонтелесното. Во оваа група припаѓаат и исцелителите, траварите, маговите, врачевите и шаманите.

Koturovic

Во однос на кошаркарската кариера, која е импресивна и претставува дури недостижен дострел за некои кошаркари, Котуровиќ најпрвин почна со Спартак Суботица,беше забележан од Партизан и продолжи во европските гиганти Тау Керамика, Алба Берлин, Виртус Болоња, а се испроба и во НБА ама без некој позначаен резултат.

За Македонците стана познат откако пред неколки години беше уапсен на граничниот премин Богородица поради неисправни документи за крадено возило и мораше да одлежи 3 месеци во притвор.

Facebook Коментари