Свет
Беше незадржлив: Разиграниот Димитријевиќ му донесе победа на Уникс

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ со ново блескаво издание му овозможи нова победа на Уникс Казањ во ВТБ лигата.
Актуелниот првак го надигра Енисеј на домашен терен со 91:80. Уникс имаше проблеми во првиот период кој го заврши со негатива од пет поени (17-22), меѓутоа веќе во вторите 10 минути одигра маестрално (28:15) и на пауза замина со позитива од 45:37.
Избраниците на Перасовиќ ја одржуваа оваа предност во продолжението и со тоа дојдоа до посакуваниот резултат пред престојното дерби со ЦСКА Москва.
Димитријевиќ го имаше на сите страни, ги исполни сите најважни категории, па така неговиот учинок беше 19 поени, 8 скока и 7 асистенции. Поефикасен од него беше само Најт со 21 поен.
ЦСКА на нашиот стратег Емил Рајковиќ славеше над Руна Баскет со 80:74. Дербито меѓу Уникс и „армејците“ е закажано за 23 ноември од 17:30 часот.
-
Светпред 11 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Англијапред 23 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 16 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
АТПпред 16 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Англијапред 9 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!
-
Шпанијапред 13 часа
„АС“: Флорентино со нов ултиматум му дава последна шанса на Мбапе
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола со ниска провокација го „поздрави“ Карагер, легендата на Ливерпул подготви одговор (Фото)
-
Германијапред 9 часа
Баерн го потврди ангажманот на „шпанскиот бисер“ и објасни зошто се реши за изненадувачки трансфер (Фото)