Поврзете се со нас

Свет

Беше незадржлив: Кукуловски блескаше во дресот на Брно

Објавено

на

foto:www.facebook.com/HandballBrno

Македонскиот интернационалец, Дејан Кукуловски имаше фантастично издание во дресот на Брно во првата лига на Чешка.

Момчето од Битола беше најдобар поединец на соочувањето со Хранице, дуел во кој постигна дури девет погодоци. Меѓутоа и покрај ваквото негово издание, Брно доживеа неочекуван пораз од 29:25.

Домаќините во двете полувремиња беа подобри на теренот (15:13, 14:12), поточно тие го искористија тоа што Кукуловски немаше соодветна поддршка од соиграчите на оваа средба.

Сега Дејан и соиграчите ќе се насочат кон пресметката со Вогошќа во рамките на 1/16 финалето на Европскиот Куп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни