Беше незадржлив: „Бомбардерот“ Митков му донесе бод на Брегенц

mitkov slavi

Поранешниот македонски репрезентативец, Влатко Митков и оваа година настапува во најсилниот австриски шампионат со тоа што сега е член на тимот на Брегенц.

Меѓутоа без разлика што ја промени средината нашиот ас блеска и во новиот клуб, а доказ за тоа е и денешната партија на гостувањето кај Инсигнис ВестВиен. Искусниот Митков одигра фантастично и беше најзаслужен што Брегенц остана непоразен на ова гостување или поточно одигра нерешено 21-21.

Влатко постигна 9 голови од кој последниот беше на пет секунди до крајот.

Брегенц по четири кола во првенството има учинок од 1 победи, две нерешени и пораз од Алпла Хард кој го претрпе минатото коло на домашен терен.

Facebook Коментари