Беше најмладиот кошаркарски феномен, десет години мина во НБА Лигата, а сега три ќе помине во затвор…

telfair

Во 2004 година името на Себастијан Телфаир го имаше низ сите спортски медиуми во САД. Тогаш младиот кошаркар важеше за најдобриот играч меѓу средношколците во оваа земја за што доби награда да биде избран високо на драфтот.

Теелфаир во средношколските денови бил прогласен за феномен, го прескокнал колеџот и станал првиот разигрувач кој директно излегол на рафтот во 2004 година. Тогаш како 13 пик бил избран од Портланд Трејлблејзерс.

Сепак, плејмејкерот никогаш не ги исполни очекувањата, во НБА Лигат се задржа во следните десет години, а освен за Портланд играше и за Бостон, Минесота, ЛА Клиперс, Кливленд, Феникс, Торонто и Оклахома.

Последен негов клуб е Фуџијан од Кина, а Телфаир сега ќе мора и дефинитивно да стави крај на кариерата затоа што следните три и пол години ќе ги помине во затвор.

Имено, сега 34 годишниот кошаркар е осуден поради незаконско поседување на оружје и затоа што ова му е втор ваков прекршок ќе мора да оди во затвор. Уште во 2017 година во неговиот автомобил биле пронајдени три пиштоли, панцир, полуавтоматска пушка и муниција, па поради тоа тој ќе мора да заврши зад решетки.

Претходно, во 2007 година Телфаир бил фатен со пиштол и тогаш добил условна казна од три години, а од НБА Лигата бил суспендиран на три натпревари. Сега, бидејќи го повторил делото, ќе мора да оди на издржување на затворска казна.

Facebook Коментари