Беше најголема надеж на Милан, а сега едвај најде ангажман во Серија Ц

Mastour-AC-Milan-600x399

Пред неколку години во Милан вложија огромна надеж на тогаш суперталентот Хачим Мастур кој доби професионален договор од клубот, но никогаш не успеа да заигра таму.

Беше праќан на позајмици во Малага и Цволе кои требаше да претставуваат отскочна даска за неговата блескава кариера, но тоа не се случи.

Наместо лет кон ѕвездите, Мастур доживеа тежок удар па откако беше избркан од Милан тешко пронаоѓаше клубови, а последен негов беше грчкиот ПАС Ламиа каде го следеа низа контроверзии.

По заминувањето од Грција, Мастур стана слободен агент, а како што пишуваат медиумите во Италија тој е пред потпис со тимот на Реџина кој се натпреварува во Серија Ц.

Facebook Коментари