Поврзете се со нас

Германија

Беше херој на Баерн во финалето но веројатно ќе си оди, па откри дали би се вратил во ПСЖ: Додека е Нејмар..

Објавено

на

Кингсли Коман беше вистински херој на тимот на Баерн Минхен во финалниот натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ затоа што беше стрелец на единствениот погодок на средбата кој му ја донесе титулата на баварскиот клуб.

Сепак и покрај тоа, Коман би можел да си замине од тимот на Баерн Минхен кој од претходно ги обезбеди услугите на Лерој Сане од Манчестер Сити, па сега во клубот има доста играчи на крилните позиции.

За францускиот фудбалер се интересираше Манчестер Јунајтед кој го посакуваше Коман како замена за Џејдон Санчо, а во последно се појавија и шпекулации дека тој би можел да се врати во тимот на ПСЖ.

Сепак, самиот фудбалер брзо ги отфрли шпекулациите дека во догледно време ќе се врати во тимот на ПСЖ.

– Тешко дека би се вратил, посебно ако Нејмар е на левата страна, речиси е невозможно. Париз не е дел од моите планови во кариерата.

– Имам можеби осум до десет години на високо ниво, така што не можам да кажам ништо недвосмислено. Во главата имам сеќавања од детството. Имам доста добри сеќавања на времето поминато во ПСЖ.

– ПСЖ секогаш ќе ми е најдраг клуб, но за мене исправно беше што заминав од таму, а да не заминев, можеби немаше да ја освојам Лигата на шампионите, -изјави Коман за „Телефут“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни