Поврзете се со нас

Италија

Бесен италијански репрезентативец тргна да се тепа со навивач на Сасуоло (Видео)

Објавено

на

Сасуоло се посрамоти во првата рунда во Копа Италија и испадна од Модена, откако калчолигашот се опушти доволно многу на гостувањето за да загуби со резултат 3:2.

Ваквиот епилог беше најавен со двата брзи гола на домаќините кои поведоа со 2:0, па иако станува збор за сам старт на натпрерувачката сезона, дел од фановите на Сасуоло овој пораз го доживеаја како огромно разочарување.

Овој тим секако нема преголеми амбиции во Копа Италија, но испаѓањето уште во првата рунда донесе провокации, кои кулминираа со инцидент.

Доменико Берарди бил испровоциран од навредите од фан на Сасуоло и тргнал да се тепа со него по мечот, за што сведочат и видео снимките кои пристигнуваат од чизмата.

Италијанскиот репрезентативец е крајно нервозен и инсистира на физичка пресметка со фанот, до која сепак не дошло според информациите кои доаѓаат од лице место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни