Поврзете се со нас

Свет

Бесен фан на Динамо сакаше да се пресмета со Ибраими (Видео)

Објавено

на

Динамо Тирана испушти победа на домашен терен во последните моменти од средбата со Лачи, која според пишувањата на албанските медиуми имала тензичен крај со оглед на случувањата крај аут линијата, но и на трибините.

Гостинскиот тим успеал да израмни со голот на Рогановиќ во 91-та минута, но во моментите кога истиот бил прегледуван од судиите со помош на ВАР технологијата, на „Елбасан арената“ имало и непријатни сцени.

Дел од навивачите на Динамо имале забелешки за судиите, но и за поранешниот македонскит репрезентативец кој во новата сезона влезе како капитен на тимот.

Агим Ибраими ја доби капитенската лента како најголема ѕвезда која беше купена во летниот преоден рок, но уште на стартот, се соочи со непријатна сцена откако објавените видеа покажуваат дека нервозен навивач сакал да се пресметка со него.

Обезбедувањето на стадионот ја смирило ситуацијата, но постигнатиот гол на Рогановиќ останал важечки и двата тима ги поделиле бодовите. Инаку, на овој натпревар од второто коло во албанската фудаблска лига, во стартната постава на Динамо биле и двајцата Македонци Горан Силјановски и Александар Исаевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни