Лига на шампиони
Бесценет момент: Најдоски и Панчев први ги подигнаа пехарите на Црвена звезда во Токио (Видео)

Фудбалските клубови од Источна Европа долго време не можат да се вратат во европскиот фудбалски врв, а веројатно таа ситуација нема да се промени подолг период. Последна екипа од источниот блок која не само што им ги расипуваше сметките на великаните, туку стана и европски и светски шампион беше Црвена Звезда, која како претставник на поранешна Југославија успеа во 1991 година да ги освои двете најважни титули.
Најпрвин во Бари беше освоена европската круна, за неколку месеци подоцна во Токио успехот да биде зацементиран со триумфот на Интерконтиненталниот куп, со што ја освои и светската клупска титула. Тој натпревар се играше пред точно 24 години, односно на 8. декември 1991 година кога „црвено-белите“ славеа со убедливи 3:0 над јужноамериканскиот шампион Коло Коло од Чиле.
Илија Најдоски вообичаено беше стартер во тимот на Звезда, исто како и голгетерот Дарко Панчев кој и постигна еден од трите гола во Токио. Она што македонските фанови никогаш нема да го заборават е бесценетиот момент на доделувањето на пехарите кога Најдоски како капитен (откако Дејан Савиќевиќ заработи црвен картон во текот на мечот) и Панчев истовремено ги подигнаа двата трофеи и ја направија Македонија горда со нивниот најголем успех во кариерата. Оваа фотографија ќе остане еден од највредните моменти за нашата фудбалска историја.
-
Балканпред 21 час
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 7 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 7 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 6 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 12 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 12 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 22 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик