Поврзете се со нас

Македонија

Беса се засили со доскорешниот офанзивец на Македонија Ѓорче Петров (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/besa.doberdoll

Лидерот во втората македонска фудбалска лига, Беса го обезбеди првото засилување за вториот дел од актуелнава сезона.

Нов член на клубот од Добридол е доскорешниот офанзивец на Македонија Ѓорче Петров, Филип Алексовски. Алексовски беше дел од групата на играчи кои си заминаат од Ѓорче Петров по завршувањето на есенскиот дел од шампионатот, но за кратко време пронајде нов ангажман и ќе настапува за екипата која имаше сигурни настапи во ВМФЛ и која е на добар пат да избори место во елитната домашна конкуренција.

Филип има 23 години, а во досегашната кариера има настапувано и за Кораб од Дебар.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни