Поврзете се со нас

Македонија

Беса се раздели со петмина играчи

Објавено

на

foto:www.facebook.com/@besa.doberdoll/

Прволигашот Беса 1976 ќе направи промени во играчкиот кадар во периодот кој престои, па така клубот веќе се раздели со петмина фудбалери кои досега беа дел од првата екипа.

Тимот од Добридол го официјализираше заминувањето на Малиќ Бељули, Илирид Адеми, Емир Скендери, Филип Алексовски и Генц Гаши.

Клубот им посака среќа во следниот чекор во нивните кариери, а во исто време е јасно дека во брзо време ќе бидат пронајдени соодветни замени за нив.

Беса го заврши есенскиот дел од Првата македонска лига на 10. место со 13 освоени бодови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни