Поврзете се со нас

Македонија

Беса ремизираше без голови против Гостивар, па се закани со напуштање на лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/besa.doberdoll

Беса и Гостивар ремизираа на денешниот натпревар во Првата македонска фудбалска лига кој заврши без голови, а расплетот од оваа рунда во најсилното друштво направи тимот од Добридол да падне на последното место.

Во следното натпреварувачко коло, Беса можеби игра и клучен натпревар против Вардар во битката за опстанок во елитата, но пред да дојде истиот на ред, од клубот се закани се излегување од Лигата доколку не се поправи квалитетот на прволигашките судии кои се делегирани за нивните натпревари.

Беса со две видеа се обиде да докаже дека денеска била сериозно оштетена за два пенали, па со официјалното соопштение се закани дека ќе ќе напушти Првата лига доколку наиде на ист третман и против Вардар во Скопје.

– Беса 1976 отсекогаш била дел од фудбалот со посветеност, пожртвуваност и страст, почитувајќи ги правилата на фер натпреварување. Но, за жал, на многу натпревари по ред продолжуваме да бидеме казнети од судиите. На последниот натпревар не беа досудени два чисти пенали, кои можеа да го сменат текот на натпреварот и конечниот резултат.

– Ова не е првпат нашиот тим да се соочува со неправедни одлуки, кои директно ја нарушуваат не само напорната работа на нашето раководство и играчите, туку и интегритетот на првенството. Долго ја трпевме оваа ситуација, надевајќи се дека ќе има подобрувања, но сега трпението ни има граница! Доколку на следниот натпревар се соочиме со истиот нефер третман и пристрасно судење, раководството на клубот ќе се повлече од идните натпревари, – гласи објавата на Беса.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни