Поврзете се со нас

Македонија

Беса „раскина“ со Таневски, прволигашот ќе добие нов тренер

Објавено

на

foto:www.facebook.com/besa.doberdoll

Дебитантот во најсилната домашна фудбалска конкуренција, тимот на Беса 1976 одлучи да се раздели со тренерот Александар Таневски по само пет одиграни кола во Првата македонска лига.

Клубот од Добридол ја информираше јавноста дека е раскинат договорот со Таневски и тоа само еден ден откако тимот го прегази Охрид со 5-1 во Купот на Македонија.

Популарниот Клајне беше човекот кој испиша историја со Беса затоа што и донесе пласман во елитниот ранг.

Инаку дебитантот во ПМФЛ по пет кола освои четири бода и е дел од групата на клубови со најслаб учинок во шампионатот заедно со Тиквеш, Воска Спорт и Вардар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни