Поврзете се со нас

Македонија

Беса и Пелистер со победи го отворија вториот дел од шампионатот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/besa.doberdoll

Екипите на Беса 1976 и Пелистер со убедливи победи го отворија вториот дел од шампионатот во Втората македонска лига.

Лидерот Беса немаше проблеми со соочувањето со Осогово кое го реализираше со 3-0 со погодоците на зимските засилувања Алексовски и Скендери и на искусниот Емини.

Пелистер пак во Битола го суреди составот на Беласица со 3-0 (Христов (2), Спиркоски) и со тоа го зазема второто место на табелата со оглед на тоа што Детонит Пљачковица направи кикс и загуби од Вардар Неготино со 2-0.

РЕЗУЛТАТИ:

ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА 3-0
ТЕТЕКС – ПОБЕДА 0-0
АРСИМИ – НОВАЦИ 2-0
ОХРИД – БАШКИМИ 0-2
СКОПЈЕ – КАМЕНИЦА САСА 1-0
БЕСА – ОСОГОВО 3-0
КАРАОРМАН – КОЖУФ 1-0
ВАРДАР НЕГОТИНО – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 2-0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни