Македонија
Беса го врати Реџепи од Шкендија, но донесе и засилување во нападот (Фото)
Беса издоминира во Втората македонска фудбалска лига минатата сезона и заслужено се најде во елитата, но за да се задржи таквиот статус, јасно е дека ростерот мора да биде доста побогат.
Клубот од Добри Дол реши во својот тим да врати добро познато име во Гостивар, дефанзивецот Алмир Реџепи кој вчера го раскина договорот со Шкендија.
По една година во Тетово, Реџепи се враќа во редовите на Беса, а поради искуството кое го насобра во изминатиот период, се очекува да биде големо засилување на левата бековска позиција.
Фудбалерот роден во Тетово има 23 години и се очекува да добие многу поголема минутажа во Беса, тим кој немаше добро отворање на сезоната во Првата лига со забележани два порази.
Поради тоа, клубот во ист ден донесе и засилување во нападот, односно Илирид Адеми кој има богато интернационално искуство, но и настапи во Првата лига како член на Шкупи, Ренова, Гостивар и Македонија Ѓорче Петров.
-
Лига на шампионипред 23 часа
Баерн со непријатно изненадување за Ристовски и Адеми: Можете само да се сликате на „Алијанц арена“ (Фото)
-
Светпред 22 часа
Ракитиќ излезе со поинаква изјава за Саудиска Арабија од сите ѕвезди кои се вратија во Европа
-
Шпанијапред 20 часа
Гути без размислување го „испука“ играчот на Барса кој би го купил за актуелниот тим на Реал (Видео)
-
Светпред 19 часа
Ништо од Серија А: Перишиќ пред преселба во далеку послаба лига во Европа
-
Светпред 12 часа
Јасикевичиус го потврди трансферот на Марјановиќ: Сакаме Бобан да биде Бобан
-
Англијапред 11 часа
Гол шоу на „Олд Трафорд“: „Седумка“ на Јунајтед во Лига Купот
-
Лига на шампионипред 21 час
Сидорф: Тимот кој треба да се победи е Реал, но има два клуба кои можат да го предизвикаат за трофејот во Европа
-
Балканпред 16 часа
Станковски испрати порака на промоцијата во новиот клуб: Тоа е една од моите цели во кариерата