Поврзете се со нас

АТП

Бертолучи: Синер е светлосна година пред Алкарас

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Јаник Синер својата одлична форма од вториот дел на минатата сезона ја продолжи и на стартот на оваа 2024 година каде дојде до најголемиот успех во кариерата, триумф на грен слем и тоа на Аустралијан Опен.

Италијанецот имаше фантастичен турнир на кој до полуфиналето немаше загубено ниту сет (Новак Ѓоковиќ) за да во мечот за пехарот направи огромен пресврт и од негатива од 2-0 дојде до 3-2 во сетови во дуелот со Данил Медведев.

Со ова Синер доби на уште поголема полуларност, но и многу комплименти, па сега дури многумина него го гледаат како главен ривал на Ѓоковиќ за самиот врв.

Паоло Бертолучи како поранешен тенисер е среќен што го гледан неговиот сонародник како „грми“ на терените, реди успеси и според него Синер е е светлосна година пред Карлос Алкарас кога се работи за главата, психолошкиот момент.

-Ментално, Карлос Алкарас е светлосна година оддалечен од Синер. Често во важни моменти бара нешто дополнително од поените, сака да биде забавно, да се вклучи публиката, односно да направи некои специјални ефекти. Тоа се убави нешта, кои ве излудуваат, но понекогаш губите натпревари поради нив. Синер е многу постабилен и фокусиран на вистинските случувања на теренот, -смета Беролучи кој во кариерата освои 6 титули и највисоко беше на 12. место на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни