Берое ја потврди доминацијата против Куманово и со победа ја прокнижи титулата во БИБЛ лигата

beroe-1

Бугарскиот тим Берое ја потврди доминацијата во БИБЛ лига и во вториот финален дуел со Куманово, па ако некој имаше дилеми кој ќе биде нов шампион во регионалното натпреварување, вечерва истите беа разрешени со втора победа.

Берое титулата ја најави уште на првиот меќ кој го одигра против македонскиот претставник откако на домашен терен славеше со 84:55, а прокнижувањето на трофејот го потврди со нова победа од 77:73 во Куманово. Бугарите заминаа со предност од 44:26 на полувремето, а до крајот Куманово сепак успеа да се избoри за подостоен пораз, втор во финалето против фаворитот број еден за титула.

Јаневски беше најефикасен во редовит на нашиот тим со 15 поени, еден повеќе од Живановиќ и Караџовски кои уфрлина по 14.

 

Facebook Коментари