Формула 1
Берни Еклстоун упати изненадувачки совет до Фетел кој допрва треба да избере каде ќе ја продолжи кариерата
Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун упати совет до Себастијан Фетел за тоа каков тим да избере за продолжување на својата кариера.
Фетел нема да го продолжи договорот со Ферари, па по крајот на оваа сезона, кога и да се случи тоа, ќе го напушти тимот од Маранело.
Еклстоун помалку изненадувачки изјави дека доколку би бил на местото на Фетел не би одел во врвен тим, туку во тим кој во моментов е во изградба.
– На негово место не би одел во врвен тим. Треба да се обиде да работи со луѓе кои градат тим. Не гледам причина зошто треба да оди во Мерцедес. Фетел би бил од голема помош на тим кој е во изградба. Таков премин добро ви влијаел на него, би му донел нешто целосно ново, како во времето кога ја почна соработката со Ред Бул, -изјави Еклстоун во интервју за „Билд“.
89 годишниот милијардер потоа се насочи и кон, веројатно новиот пилот на Ферари, Карлос Сајнц.
– Карлос одеднаш се претвори во многу конкурентен пилот. Многу е талентиран и тимот лесно ќе се носи со него. Ако оди во Ферари, ќе биде број два, но таков статус за него нема да биде проблем, -заврши Еклстоун.
-
Лига на шампионипред 22 часа
Чави откри што му порачал на судијата Ковач по крајот на мечот: Не смееме да молчиме после ваква арбитража
-
Лига на шампионипред 23 часа
ПСЖ со голем пресврт во Барселона, Борусија го нокаутираше Атлетико во трилер со шест гола (Видео)
-
Лига на шампионипред 24 часа
Белингам призна дека доживеал пад во формата: Мојата улога во тимот се промени
-
НБАпред 23 часа
Јокиќ откри што јаде за доручек и ги шокираше Американците: Тоа се пет илјади калории (Видео)
-
НБАпред 13 часа
Лејкерс закажа плејоф битка со шампионот, крај на сезоната за Голден Стејт (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 13 часа
Итуралде Гонзалес за црвениот картон на Араухо: Тоа не беше ниту фаул…(ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 23 часа
Дембеле со прва изјава по огромната победа на ПСЖ и свирежите кои ги доби од навивачите на Барса
-
Лига на шампионипред 14 часа
Мбапе по големиот триумф на „Монжуик“: Сите знаат кој е мојот сон