Поврзете се со нас

Англија

Бернардо жестоко го омаловажи Арсенал и направи споредба: Ривалството со Ливерпул беше поинакво!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Бернардо Силва е клучен играч на Манчестер Сити неколку сезони наназад, па бидејќи веќе е еден од играчите со најдолг стаж во клубот, си даде за право да прави една споредба на две големи ривалства по дербито со Арсенал на „Итихад“.

Манчестер Сити спасуваше бод и успеа да израмни во 98-та минута со голот на Џон Стоунс, но Бернардо Силва беше навистина дрзок во својата анализа на натпреварот, потенцирајќи дека Арсенал е тим кој користи валкани игри за да дојде до посакуваната цел.

Стоунс беше првиот кој распали по тактиката на „топчиите“ и константните прекини на игра, но Португалецот беше уште побрутален и испорача и зајадлива порака до клубот од Северен Лондон.

– Имаше само еден тим кој дојде да игра фудбал, другиот тим цело време играше на граница на дозволеното, што за жал беше дозволено од главниот судија. На крајот успеавме да се избориме за реми, што беше најмногу со оглед на поставеноста која ја имавме на теренот.

– Не сме задоволни бидејќи ние ги сакавме трите бода, но лично сум задоволен како пристапивме на овој меч. Горд сум што овој тим секогаш влегува на теренот со желба да победи, – изјави Силва, кој потоа доби прашање по кое требаше да направи споредба за ривалството со Арсенал и она со Ливерпул во ерата на Јирген Клоп.

– Не знам која е точната разлика, можеби има неколку. Ливерпул ја освои Премиер лигата, Арсенал уште не го направил тоа. Ливерпул ја освои Лигата на шампиони, Арсенал уште не. Ливерпул секогаш се соочуваше со нас со желба да победи, играше со отворен гард. Затоа, натпреварите со Арсенал засега не се како оние со Ливерпул. Ова ривалство е поинакво, – изјави Силва.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни