Поврзете се со нас

Италија

Бернардески не сака да си замине од Јувентус

Објавено

на

Италијанскиот репрезентативец, Федерико Бернардески не сака да си замине од таборот на Јувентус.

Офанзивецот пристигна во Торино во 2017 година и тоа од Фиорентина за сума од 40 милиони евра, но во изминатиот период тој не успеа да ги повтори истите партии од времето кога беше дел од „виолетовите“, поточно да има влијание врз играта на „бјанконерите“.

Поради тоа често неговото иднина е под знак прашалник, па тој се поврзуваше со Барселона, Милан, Атлетико Мадрид, но според неговиот агент Бепе Боѕо тој сака да остане во сегашната средина.

-Федерико е среќен во Јувентус. Дали зборувма за негово заминување? Не, сака да остане и го носи црно-белиот дрес, -истакна Боѕо.

-Жал ми е што навивачите го свиркаат, Сари и клубот секогаш го бранат. Драго ми е, затоа што секогаш го дава најдоброто, не е случајност што игра за националниот тим. Добро се адаптираше на играта во другите делови на теренот, -заврши Федерико.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни