Берлускони со комплименти за Гатузо, но и со една забелешка: На Рино добро му оди, ама

gatuzo

Тимот на Милан ја крева формата и веќе осум натпревари во низа (Серија А и Купот) нема пораз, резултатска серија за која најголеми заслуги има Џенаро Гатузо кој успеа да ја врати самодовербата, борбеноста и „росонерите“ сега изгледаат како нов состав.

Гатузо добива комплименти за работата, но тој е скромен и не се залетува притоа останувајќи максимално фокусиран на новите предизвици. Популарниот Рино доби пофалба за досега сработеното и од поранешниот претседател на клубот, Силвио Берлускони кој воедно уште еднаш ја посочи главната забелешка за бројот на напаѓачите.

-Ја знам великодушноста и посветеноста на Рино. Сега можам да ја видам неговата компетентност. По разочарувачки почеток на сезоната сега доаѓаат резултатите. Сепак, мора да имаме многу силни крила, чија работа е бескорисна, бидејќи имаме само еден напаѓач. Веќе разговарав со Гатусо на оваа тема, -истакнал Силвио за „Радио Ломбардија“.

Facebook Коментари