Бериша го доби соочувањето со Пандев, Џенова го претрпе првиот пораз под водство на Балардини

Soccer: Serie A; Genoa-Atalanta

Џенова имаше фантастична низа од три победи и едно реми откако тимот го презема тренерот Балардини, но на оваа убава серија и дојде крај оваа вечер откако домаќините на „Луиџи Ферарис“ не ги искористија своите шанси, а од друга страна пак и дозволија на Аталанта да биде опасна преку контра напади.

Тимот на нашиот Горан Пандев дојде рано до водство со голот на Бертолачи по една одлична акција во која учествуваше и македонскиот напаѓач, но сепак гостите од Бергамо го искористија слободниот простор кој го добија во продолжение, па во најнезгодно време израмнија на 1:1.

Пред самиот крај на првиот дел, Иличиќ погоди за 1:1, а на почетокот на второто полувреме најзрелата шанса ја пропушти нашиот Пандев кој во два обиди беше неуспешен во соочувањето со голманот Бериша. Ова се случи во 49-та минута, а за жал само три минути подоцна Масиело погоди за 1:2 што на крајот се покажа како конечен резултат на овој меч.

Facebook Коментари