Поврзете се со нас

Италија

Бергоми за најголемиот ривал на Интер: Работите се сменија по доаѓањето на Морати и Факети

Објавено

на

Италијанската легенда Џузепе Бергоми денеска го прославува 60. роденден, а ова било добар повод за интервју со весникот „Тутоспорт“.

Поранешниот дефанзивец зборувал за својата кариера, а меѓу другото и за најголемите ривали на неговиот единствен клуб Интер.

– Иницијално, најголем ривал на Интер за мене беше Милан, пред се поради фактот што ривалството започнуваше уште во младинските категории.

– Одиграв најмногу дерби натпревари со Милан, дури 44, тоа беа тешки натпревари за подготовка, но и задоволство да се играат.

– Но, кога Морати дојде во клубот во 1995 година заедно со Факети и Мацола, визијата се промени и тие ни потенцираа дека историски најголем ривал на Интер е Јувентус, – рекол Бергоми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни