Бергоми со совет за Италијанската федерација како да го ангажира Мурињо за селектор

bergomi-329893289

Италија не успеа да ја победи Шведска синоќа на „Сан Сиро“ и нема да учествува на завршница на Светско првенство за првпат по 1958 година.

Легендата на Интер и италијанската репрезентација Џузепе Бергоми по дебаклот им препорача на раководните луѓе во Италијанската фудбалска федерација да го ангажираат Жозе Мурињо како привремено решение, откако ќе го отпуштат Џампјеро Вентура.

– Тавекио има добри идеи, но сега ќе дознае дека ќе му биде тешко да остане. Мислам дека треба да се обиде да донесе големо тренерско име како привремено решение. Би рекол Мурињо. Јунајтед му плаќа 12, 15 милиони евра годишно и Италијанската федерација може да му доплати 1, 2 или 3 милиони евра за да биде привремен тренер. Велам Мурињо, но може да биде и некој како Манчини. Ќе видиме, но идејата да се ангажира некој како Мурињо секако е возбудлива – изјави Бергоми за италијанските медиуми.

Facebook Коментари