Поврзете се со нас

Италија

Бергоми: Со Лукаку во тимот, Интер ќе победеше 3:0

Објавено

на

Интер не успеа да го победи Јувентус во вчерашното големо италијанско дерби, а поранешниот фудбалер Џузепе Бергоми смета дека домаќините доминирале и заслужиле да триумфираат.

Поранешниот дефанзивец на Интер смета дека главен проблем на тимот е офанзивниот дел, односно се чувствува отсуството на Ромелу Лукаку.

– Интер беше подобар од Јувентус, не се сеќавам на некој удар на голот на „бјанконерите“.

– Со Лукаку во тимот, Интер ќе го добиеше овој натпревар со 3:0, убеден сум во тоа.

– Офанзивниот дел на Интер сега функционира поинаку, недостасува играч како Лукаку, но и без него Интер ја контролираше играта, – изјавил Бергоми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни