Поврзете се со нас

Англија

Бергкамп ја посочи клучната промена на Венгер со која Арсенал го загуби шампионскиот дух

Објавено

на

Денис Бергкамп беше дел од Арсенал од 1995-та до 2006-та година, долг период кој своевидно беше и најуспешниот на клубот во ерата на Арсен Венгер, но и воопшто во историјата.

Оваа етапа од историјата на Арсенал ќе остане секогаш запаметена по титулата во 2004-та година која беше освоена без ниту еден пораз во Премиер лигата, но набрзо после тоа, „непобедливиот“ тим на Арсенал се претвори во исклучително ранлив тим, па така втората половината од ерата на Венгер во Северен Лондон беше далеку понеуспешна.

Легендарниот Мартин Кион му постави директно прашање на Бергкамп зошто се случи таа непосакувана трансформација во Арсенал, а неповторливиот Холаѓанец беше искрен и нагласи дека Венгер се оттргнал од своите успешни приоритети во последната деценија на „Емирејтс“.

– Арсен почна да експериментира. Арсенал по 2006-та година го смени стилот на игра, почна да игра исклучиво на средината на теренот, – порача Бергкамп кој даде мало појаснување за оваа своја теза, нагласувајќи дека Венгер почнал да се „гуши“ со премногу играчи во средината.

– Од еднаш почна да не се обрнува внимание на играчите во нападот, имаше многу играчи во средината и само еден напаѓач кој беше изолиран од останатите, – нагласува Бергкамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни