Поврзете се со нас

Свет

Бергишер подобар од Хановер на Кузмановски

Објавено

на

blank

Составот на Бергишер славеше над Хановер на нашиот Филип Кузмановски во вечерашниот натпревар од 20. рунда во првата лига на Германија.

Домашниот клуб важеше за фаворит, статус кој го потврди на теренот каде беше подобар од противникот како во првиот така и во вториот „период“ (14-12, 13-11) за конечни на крајот 27-23. Гунарсон со 7 погодоци беше најрасположен играч кај победникот, состав за кој голманот Рудек имаше дури 18 интервенции.

Кај Хановер Јонсон беше автор на 5 погодоци, додека македонскиот репрезентативец Кузмановски имаше само еден неуспешен обид за погодок.

Филип и компанија со 18 бодови се на 13 позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни