Поврзете се со нас

АТП

Беретини откри што му порачал на Синер по беспоштедната битка на Централниот терен на Вимблдон

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Јаник Синер и Матео Беретини одиграа големо италијанско дерби во второто коло на Вимблдон, а квалитетот кој го понудија дефинитивно направи мечот да изгледа како полуфинале или финале на најпрестижниот тениски турнир.

Светскиот рекет број еден беше сериозно предизвикан од својот поискусен сонародник, но сепак поранешниот финалист на Вимблдон не успеа да направи сензација и покрај тоа што понуди голема борба.

Синер главната разлика ја направи во трите тајбрејка кои ги доби, додека Беретини мораше на крајот да се задоволи со само еден освоен сет во биткта која траеше повеќе од три ипол часа.

– Пријатели сме со Беретини и играме заедно во Дејвис Купот. Често тренираме заедно и знаев дека ќе мора да го подигнам моето ниво на игра. Матео е специјалист за трева, сите знаеме дека играше во финалето на Вимблдон. Ова беше голем предизвик за мене и задоволен сум како се справив на теренот. Имав подеми и падови, но на крајот поминав добро, – изјави светскиот рекет број еден.

Двајцата имаа срдечен поздрав и прегратка по крајот на мечот, а Беретини откри што му порачал на помладиот сонародник на мрежа.

– На мрежата го погалив по глава и му реков да оди до самиот крај, му реково да оди и да го освои Вимблдон, – откри Беретини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни